Реал го објави составот, Арбелоа за спектаклот со Сити повика и пет тинејџери!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид денеска го објави списокот на фудбалери на кои тренерот Алваро Арбелоа ќе смета за вечерашниот дуел со Манчестер сити на стадионот „Бернабеу“, во рамки на осминафиналето од Лигата на шампионите.

Како што и се најавуваше, „кралскиот клуб“ ќе настапи без својот најдобар стрелец Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач е повреден, а француските медиуми пренесуваат дека неговиот настап е неизвесен дури и за реваншот во Англија кој се игра следната недела.

Покрај Мбапе, надвор од комбинација се уште неколку важни играчи. Поради повреди во составот не се најдоа Давид Алаба, Едер Милитао, Алваро Карерас, Дани Себаљос, Џуд Белингам и Родриго, па тренерот Арбелоа ќе мора да бара други решенија за нивните позиции.

Добра вест е што повторно во конкуренција за настап се Едуардо Камавинга, Дин Хаусен и Франко Мастантуоно, кои го пропуштија последниот натпревар против Селта. Камавинга имаше проблеми со забите, додека Хаусен и Мастантуоно паузираа поради суспензии.

Во поширокиот состав за натпреварот се вклучени и неколку млади фудбалери од академијата. Шанса да бидат дел од тимот добија тинејџерите Диего Агуадо, Хорхе Сестеро, Мануел Анхел, Цезар Паласиос и Тијаго Питарч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×