Целосно уживање: Навивач на Атлетико си правеше сендвич на трибина на меч од ЛШ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фановите на Атлетико Мадрид имаа причина за добро расположение за време на мечот против Тотнем во осминафиналето на Лигата на шампионите, кој Шпанците го добија со 5-2.

Шпанскиот тим практично ја реши работата уште во првото полувреме. По само 15 минути игра Атлетико веќе имаше предност од 3-0, а до паузата постигна уште еден погодок и ја направи атмосферата на трибините вистински празнична.

Колку опуштено беше на стадионот покажува и една интересна сцена што ја уловија камерите. Еден навивач на Атлетико, без многу да се грижи за случувањата на теренот, почна да си подготвува сендвичи на трибините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×