Неверојатно: Нејмар пак е повреден на роденденот на неговата сестра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, ќе го пропушти натпреварот во бразилската Серија А против Мирасол поради полесна повреда на мускулот.

Иако се очекува негово брзо враќање на терените, дел од бразилската јавност се сомнева дека повредата е вистинската причина за неговото отсуство. Особено поради фактот што на единствениот натпревар што го одигра сезонава во лигата постигна два гола и го одигра целиот меч. Многу навивачи веруваат дека причината е роденденот на неговата сестра, настан кој Нејмар со години не го пропушта, па поради тоа повторно се појавија критики на социјалните мрежи.

Дополнителен контекст на ситуацијата дава и фактот што натпреварот требаше да го следи селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, кој сакаше да ја процени формата на Нејмар на околу 100 дена пред почетокот на Светското првенство.

Бразилецот се огласи по критиките и им одговори на оние кои ја доведуваат во прашање неговата повреда.

Многу луѓе создаваат теории за тоа што ми се случува. Ако играм повреден не е добро, ако се грижам за здравјето пак не е добро. Ако играм со болка пак не чини. Навистина е тешко да се направи сѐ како што треба. Најмногу ме изненадуваат луѓето кои мислат дека ја знаат целата вистина. Многу е тешко да се биде јас. Морам да бидам трпелив“, порача Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×