Галатасарај сака уште еден подвиг: Ливерпул падна во Истанбул! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Галатасарај откако во плеј-офот го елиминираа Јувентус, сега запишаа позитивен резултат и во првиот натпревар против Ливерпул кого го добија со 1-0.

Во Истанбул гледавме еден одличен натпревар со шанси и на двете страни и сигурно дека можевме да видиме и повеќе од еден гол, меѓутоа изостана реализацијата.

Одлучувачкиот момент се случи уште во седмата минута кога Марио Лемина го постигна единствениот погодок на средбата.

Мрежите во второто полувреме се тресеа по еднаш и на двете страни, меѓутоа и на двапати по прегледување на ВАР беа поништени.

Пред Галатасарај сега е реваншот во Англија на кој ќе се обиде да ја задржи оваа предност и да направи уште еден подвиг, сега за место во четвртфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×