30
Работнички со 1-0 го победи Арсими во последниот натпревар од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига, а по мечот „романтичарите“ испратија и порака до својот соиграч Дашмир Елези.
Фудбалерите на скопскиот тим по победата направија заедничко селфи, но фотографијата не беше обична. Играчите го истакнаа дресот на Елези кој неодамна беше опериран на менискусот на коленото и го очекува подолга пауза од терените.
Со овој гест тимот му даде поддршка на офанзивецот, а клубот на социјалните мрежи објави порака.