„Спарси“ ќе направат голема промена во играчкиот кадар без разлика дали ќе испаднат во втора лига или пак ќе обезбедат опстанок во Премиерлигата.
Тотнем има катастрофална сезона, ниту промената на тренерот не ги разбуди играчите, па постојат реални шанси „спарси“ да заврши во втора лига.
При едно вакво сценарио, на клубот од Северен Лондон ќе му се случи распад-систем и огромен број од ѕвездите ќе го напуштат клубот.
Но и да биде обезбеден опстанок во Премиерлигата, ќе се случат големи промени во играчкиот кадар.
Како што пренесува Телеграф, Тотнем сака да заврши само девет играчи од сегашниот состав, сите други треба да бидат променети во следните три преодни рока.
На овој список се Мики ван де Вен, Доминик Соланке, Конор Галагер, Мохамед Кудус, Чави Симонс, Арчи Греј, Лукас Бергвал, Џејмс Мадисон и Дејан Кулушевски.