188
Последните гласини од Шпанија велат дека високо на листата со желби на Реал Мадрид за нов тренер котира поранешен играч на Барселона.
Наводно, Флорентино Перез се интересира за Сеск Фабрегас кој има фантастични резултати со Комо во Серија А и важи за еден од најталентираните млади тренери.
Интересно, Фабрегас потекнува од школата на Барселона и дел од сениорската фудбалска кариера ја мина во каталонскиот гигант.
Нејасно е дали ќе им се допадне на фановите на Реал Мадрид тренер да им биде човек на Барселона.
И прашање е дали самиот Фабрегас би сакал да биде тренер на Реал Мадрид.