21
Јувентус долго време го кршеше отпорот на Пиза, а откако успеа во тоа, дојде до убедлива победа од 4-0.
Пиза долго време одолеваше на нападите на Јувентус, но не можеше тоа да го прави до бескрај.
Резултатот го отвори Камбијасо со гол во 54. минута од натпреварот. Откако го дадоа првиот гол, беше полесно.
Десет минути подоцна Турам зголеми на 2-0, а на третиот гол се чекаше уште десет минути, тој беше дело на Јилдиз.
Конечните 4-0 ги постави Бога во третата минута од судиското продолжение.