12
Долгата серија без пораз на Вардар конечно е прекината. Најтрофејниот македонски клуб беше совладан од Шкендија (0-1) во рамките на 21. коло на ПМФЛ.
Екипата предводена од Гоце Седлоски повеќе од една година немаше пораз во домашните натпреварувања, но тетовскиот состав славеше минимална победа во Скопје и стави крај на импресивната низа. Интересно е што последниот пораз на Вардар исто така беше од Шкендија, на дуел одигран на 16 февруари 2025 година, кога тетовчани победија со 1-2.
Со овој триумф Шкендија ја прекина серијата од 39 натпревари без пораз на „црвено-црните“. Воедно, разликата на табелата се намали и Вардар сега има само еден бод предност во однос на големиот ривал.