Барселона ја плати пировата победа над Атлетико Мадрид со две повреди, Алехандро Балде и Жил Кунде, кои ќе бидат надвор од терените подолго време
„Каталонците“ синоќа со 3-0 го совладаа Атлетико во реваншот во полуфиналето во Копа дел Реј, но победата беше пирова, доживеаја елиминација.
И не само тоа, Ханси Флик остана без двајца играчи, се повредија Алехандро Балде и Жил Кулден.
Алехандро Балде го оштетил дисталниот дел од бицепс феморис мускулот на задната ложа на левата нога, и се очекува да паузира околу четири недели.
Жил Кунде има слична повреда, тој го оштетил средниот дел од бицепс феморис мускулот на задната ложа на левата нога. Барса вели дека неговото враќање на терените ќе зависи од текот на рехабилитацијата, но медиумите пишуваат за пауза од четири до пет недели.