Позната е причината поради која Фламенго му даде отказ на Филипе Луис – не е до резултатите!

by riste
1 минути читање

Филипе Луис доби изненадувачки отказ од кормилото на Фламенго и покрај фантастичните резултати потврдени со трофеи, го избркаа по победа од 8-0.

Овој отказ го шокираше светот, па немаше кој не објави. А откако приказната стана вирална, од Фламенго решија да ја кажат својата верзија.

Претседателот на Фламенго открил дека Филипе Луис бил во преговори со Челси додека двете страни работеле на продолжување на договорот.

Филипе престанал да одговара на пораките на Фламенго во рок од три дена верувајќи дека ќе стане нов тренер на Челси.

Но, од таму го информирале дека нивниот план е да го стават тренер на Стразбур (клуб кој е на газдите на Челси), а не на Челси.

Бразилскиот стратег не бил заинтересиран за Стразбур, ја одбил понудата и ги продолжил преговорите со Фламенго

Кога претседателот на Фламенго дознал за ситуацијата, решил да му врачи отказ на Филипе Луис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×