Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Ливерпул е подготвен да наддава со Барселона за ангажман на Алесандро Бастони од Интер, се шпекулира со трансфер од 100 милиони евра.
„Црвените“ минатото лето во два наврати го соборија трансфер рекордот во Премиерлигата, прво со ангажманот на Флоријан Вирц, а потоа и со ангажманот на Александер Исак.
Клубот од Енфилд летоска може да собори нов рекорд, односно трансфер сума кога е во прашање еден дефанзивец.
На радарот на Ливерпул е Алесандро Бастони од Интер, кој исто така е на мета и на Барселона, и на Арсенал.
„Нероаѕурите“ се подготвени да се разделат со дефанзивецот само доколку некој понуди околу 100 милиони евра (околу 87,7 милиони фунти).
Челси и Манчестер Сити исто така ја мониторираат ситуацијата на Италијанецот, кој е под договор до 2028 година, но и во преговори за продолжување на соработката со Интер до 2030 година.