Јувентус стави потпис на нов договор со Вестон Мекени и ја продолжи соработката до 2030 година.
Американецот е еден од клучните фудбалери во составот предводен од Лучано Спалети и управата реши навреме да ја осигура неговата иднина во Торино.
„Играч како никој друг, способен да покрие речиси секоја позиција. Во последните месеци настапуваше како централен играч за врска, но одлично се снаоѓаше и како офанзивец, крило, бек па дури и дефанзивец. Мекени беше силно оружје и на десната и на левата страна и ги освои срцата на навивачите“, стои во пораката од клубот.
Мекени пристигна во 2020 година од Шалке, а досега запиша 219 настапи и 26 голови во дресот на „старата дама“. Оваа сезона Американецот е еден од најважните адути на Лучијано Спалети.