Српски фудбалер спасувал „жива глава“: Пеколот почна во саботата, бевме разбудени од ракети и детонации

by Стефан
1 минути читање

Безбедносната состојба на Блискиот Исток очекувано е една од темите и во спортот, а сега сведоштво за тоа што се случува даде и српскиот фудбалер, Немања Томашевиќ кој е член на Гол Гохар од Техеран.

Во разговор за „Спортисимо“, Томашевиќ ја опиша драмата низ која минувал во изминатите денови, посочувајќи дека ситуацијата од мирна рутина за кратко време се претворила во вистински кошмар.

„До четвртокот сè беше нормално. Игравме натпревари, по што се вративме во Техеран. Во саботата почна пеколот. Нè разбудија ракети, детонации, бевме загрижени. Персеполис организира евакуација затоа што имаат многу странци во екипата. Тој ми обезбеди место да избегам од пеколот“, раскажува тој.

Српскиот интернационалец открива дека патот до спасот не бил нималку лесен. Со часови патувале кон турската граница, во услови на постојани воздушни напади и експлозии.

„Летаа ракети, авиони, се слушаа експлозии, вистински пекол. Сега сум во Турција, чекам лет за Истанбул, а потоа си одам дома. За среќа не сум во Иран“, вели тој.

По неизвесното бегство, Томашевиќ засега е на безбедно, но искуството што го преживеал, како што самиот посочува, засекогаш ќе му остане во сеќавање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×