Силекс минимално слави во Кавадарци, реми на Арсими и Македонија ЃП

by 24 фудбал
1 минути читање

Силекс останува во игра за третото место во Првата македонска фудбалска лига, откако во 20. коло славеше на гостувањето кај Тиквеш со 0-1.

И во првиот дел тимот од Кратово беше нешто поубедлив на теренот, ама тоа беше недоволно за да има голови на паузата. Одлучувачкиот момент се случи во 62. минута кога Пиреш ја искористи асистенцијата на Дарко Додев и ја донесе победата за кратовци.

Во финишот домаќинот притисна, создаде неколку сериозни шанси преку Стојанов и постигна погодок кој беше поништен поради офсајд, но резултатот остана непроменет.

Во вториот натпревар, Арсими и Македонија ЃП ремизираа 1-1. „Лавовите“ поведоа преку Ајдоган во 35. минута, а Бешагиќ возврати само три минути подоцна со еврогол за конечна поделба на бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×