Атлетико Мадрид не блескаше, но знаеше како да стигне до три бода. Тимот од шпанската престолнина славеше со 0:1 на гостувањето во Астурија, во меч од 26 коло во Ла Лига.
Овиедо беше поконкретен во најголемиот дел од натпреварот и создаде неколку сериозни ситуации. Јан Облак мораше да реагира во повеќе наврати, а домаќините пропуштија шанси преку Лука Илиќ и Тијаго. Атлетико делуваше стерилно и речиси незабележливо во нападот.
Кога сè мирисаше на реми, гостите го зададоа решавачкиот удар. Во 94 минута, по една од ретките вистински акции, Хулијан Алварез ја затресе мрежата за 0-1.
Тоа беше првиот удар на Атлетико во рамките на голот, но доволен за цел плен и нови три бода во битката за врвот.