Работнички првпат врза две победи, лесен триумф над Шкупи! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Работнички со убедливи 3-0 го победи отпишаниот Шкупи и првпат оваа сезона врза два триумфи по ред.

Дебармаалци очекувано доминираа во текот на целиот меч. Поведоа во 37. минута кога Манојлов постигна убав гол за водство од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Во 77. минута Мухарем даде гол за 2-0, а три минути подоцна Ангелов ги постави конечните 3-0.

Работнички сега собра 13 бодови и се уште се надева дека може да може да избори опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×