Ниту претседателот на Бразил не може да ургира кај Анчелоти за Нејмар да биде повикан за СП!

by riste
1 минути читање

Нејмар посакува да настапи на Светското првенство оваа година, ја крева формата постигнувајќи голови за Сантос, но минимална е веројатноста дека тоа може да се случи.

Последниот меч за Бразил, Нејмар го одигра во октомври 2023 година. Тој нема повик откако Карло Анчелоти е селектор.

Бразилецот има проблеми и со повреди и со форма и со сериозноста на приодот во дел од натпреварите. Но, сака да игра на Мундијалот, па веќе некое време се труди да го дава максимумот.

Но, се чини дека е ептен мала веројатноста тој да настапи пак за Бразил. Има офанзивни играчи кои играат во подобро лиги и се во подобра форма од Нејмар.

Дека нема ургенции кај Анечлоти, потврди и бразилскиот претседател, Лула да Силва.

„Зборував со Анчелоти и тој ми кажа дека само оние кои се 100 проценти од своите можности ќе играат на Светското првенство, тој нема да вика фудбалери само поради нивната репутација“, рече Лула да Силва.

Делот од реченицата „нивната репутација“ е оквалификуван како знак дека Нејмар нема да добие повик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×