Бразилецот Нејмар, изминатата ноќ беше херој на победата на неговиот Сантос над Васко во четвртото коло од новата сезона во бразилската Серија А.
Сантос славеше со 2:1, а Нејмар ги постигна двата гола за својот тим. Сепак, покрај ефектот на теренот, вниманието на јавноста го привлече и начинот на кој го прослави едниот погодок.
Најпрво со гестикулација со прстот кон устата испрати порака за „тишина“, а потоа ги изненади сите кога започна да танцува покрај корнер знаменцето.
Со танцот околу знаменцето тој ја имитираше препознатливата прослава на Винисиус Жуниор, испраќајќи му поддршка поради расистичкиот скандал со кој повторно се соочи по првиот натпревар против Бенфика во Лигата на шампионите.
По мечот, Нејмар им објасни на новинарите зошто се одлучил за ваква прослава.
„Танцот беше за Винисиус. Во Португалија се соочи со навреди и расизам, му кажав ‘Кога ќе дадеш гол, прослави баш така, а кога јас ќе постигнам, ќе направам исто’“, изјави Нејмар.
Neymar Jr hits the Vinicius Jr celebration after scoring for Santos! 🕺🏾🇧🇷@TeamNey10 🎥 pic.twitter.com/CK2NJiXMzO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 26, 2026