Елиминацијата во ЛШ не значеше ништо: Јувентус по Јилдиз сака да задржи уште две ѕвезди, а сака и два капиталци!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус беше елиминиран од плеј-офот во Лигата на шампионите, но клубот веќе гледа кон иднината. Лучијано Спалети ја доби довербата од управата да започне нов проект и да изгради посилен Јувентус, а првите чекори на трансфер пазарот се веќе направени, пишува „Газета дело Спорт“.

Приоритет останува статусот на Душан Влаховиќ. Клубот сака да го задржи српскиот напаѓач, но со нов договор и намалени финансиски услови, по примерот на Кенан Јилдиз. Доколку Влаховиќ не ги прифати условите, Јувентус ќе тргне по нова „деветка“ која би му се приклучила на Давид, додека се очекува заминување на Опенда.

Раководството предводено од Комоли и Кјелини веќе работи и на засилувања за средниот ред. Главна цел е Леон Горецка, кому му истекува договорот со Баерн. За неговиот потпис конкуренција се Милан, Галатасарај и неколку арапски клубови.

Покрај тоа, „старата дама“ ја следи и ситуацијата со Бернардо Силва од Манчестер Сити. Во меѓувреме, навивачите можат да бидат мирни околу Јилдиз кој веќе стави потпис на нов договор, а наскоро истото се очекува да го направи и Вестон Мекени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×