Шкендија денеска со почеток од 18:45 часот го игра реванш натпреварот против Самсунспор од плејофот во Конференциската лига.
Актуелниот македонски шампион со 1-0 го загуби првиот меч кој се играше во Скопје, Самсунспор беше подобар тим и можеше да слави поубедливо.
Резултатот и играта од првиот меч го ставаат Самсун во улога на огромен фаворит, па се освен нивно минување во следната фаза би било големо изненадување.
Но, од таборот на Шкендија веруваат дека може да направат сензација. Момците на Беќири ветуваат дека ќе го дадат максимумот за да остварат гостинска победа која ќе ги однесе во следното коло.
Шкендија и со пласманот дотука испиша историја во македонскиот клупски фудбал, а секој нареден успех оваа сезона во Европа ќе биде само надградба на тој фантастичен резултат.
Мечот ќе го суди познатиот италијански судија, Симоне Соца.