„Имаме шанса за историски успех, Шкендија мора да ја победиме и утре“

by Стефан
1 минути читање

Шкендија утре ќе го одигра реваншот против Самсунспор во рамките на Конференциската лига на гостински терен во Турција, а во пресрет на натпреварот денеска пред медиумите се обрати стратегот на домаќините, Торстен Финк.

Финк, кој седна на клупата на Самсунспор само неколку дена пред првиот меч во Скопје, во утрешниот дуел ќе го има своето деби пред домашната публика. Германскиот стратег не ја крие амбицијата и посакува триумф со кој неговиот тим би направил чекор напред кон историски успех.

„Првпат ќе го водам тимот на домашен терен и со нетрпение го чекам натпреварот. Пласман во осминафиналето би бил историски успех за клбуот, кратко време сум, но мислам дека донесов една нова енергија. Во првиот натпревар покажавме дека можеме да бидеме многу добри, утре мораме да победиме. Сакаме да бидеме добри во контранапади и транзицијата, иако не сме тим што ќе игра само на контри. Нема да чекаме и ќе ја играме нашата игра. Сигурно дека ќе ни биде потребна и поддршката од навивачите“, изјави Финк.

Покрај него, на прес-конференцијата говореше и напаѓачот на Самсунспор, Шериф Ндиаје, кој порача дека и покрај победата во првиот натпревар, работата не е завршена.

„Победивме во првиот натпревар, но ништо не е завршено. Веруваме во новиот тренер, тој донесе нов стил на игра, ова важен натпревар во кој мораме да победиме, разговаравме и сите знаеме колку е важен овој дуел. По оваа рунда не е важно со кого ќе играме во следната, најважно е утре да сме фокусирани, не очекуваме да биде лесно“, порача Ндиаје.

Средбата е закажана за утре од 18:45 часот, а тетовци ќе се обидат да ја надоместат негативата од 1-0 и од првиот натпревар во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×