40
Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на младинската Лига на шампиони откако го совлада Челси со 1-0, а мечот го судеше македонска судиска тројка.
Фудбалерите на кралскиот клуб до 19 години, за еден гол беа подобро од врсниците од Лондон и се пласираа во следното елиминациско коло.
Овој натпревар го судеа македонски судии на чело со Игор Стојчевски како главен судија. Помошници му беа Вјолца Изеири и Филип Ицковски.