31
Карабах испиша неславна историја во Лигата на шампионите вториот пораз од Њукасл Јунајтед на „Сент Џејмс Парк“.
Азербејџанскиот шампион стана тим со најмногу примени голови во една сезона во елитното натпреварување, откако бројката се искачи на 30. Со тоа беше надминат досегашниот негативен рекорд на Баер Леверкузен, кој во сезоната 2001/02 прими 28 погодоци.
Зад Карабах и Баер на листата се РБ Салцбург и Слован Братислава со по 27, како и Феенорд со 26 примени голови во една сезона.
Интересно, на патот до европската елита Карабах го елиминира македонскиот првак Шкендија во квалификациите и тоа со пресврт во реваншот.