Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, е упатен пред кривичен суд по обвинение за силување.
Според наводите, случајот се однесува на настан од февруари 2023 година, кога млада жена тврди дека била силувана во неговиот дом, откако претходно стапиле во контакт преку социјалните мрежи.
Хакими преку објава на платформата „Икс“ ги негира обвинувањата и порача дека станува збор за лажно обвинение.
„Денес е доволно обвинение за силување за да се оправда судење, иако јас го оспорувам и сè покажува дека е лажно. Неправедно е и кон невините, но и кон вистинските жртви. Го очекувам судењето мирно, кое ќе овозможи вистината јавно да излезе на виделина“, напиша Хакими.
Случајот сега преминува во судска фаза, каде што ќе се утврдуваат фактите и одговорноста.