Поразот во „вечното“ дерби му пресуди, Партизан се раздели со тренерот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тешкиот пораз од 3-0 во дербито против Црвена Звезда беше пресуден за клупската управа на Партизан, која реши да стави крај на соработката со Ненад Стојаковиќ.

Стојаковиќ на клупата на белградскиот тим седна пред неколку месеци, а уште од стартот неговиот избор беше проследен со реакции од дел од навивачите. Интересно, тој веќе еднаш доби отказ, но управата експресно се предомисли и го врати на функцијата. Овојпат, по убедливиот пораз во најголемото дерби и зголемената бодовна негатива во однос на лидерот, дилеми повеќе немаше.

Од клубот преку официјално соопштение потврдија дека во наредниот период тимот ќе го предводи поранешниот фудбалер на „црно-белите“, Дамир Чакар, кој ќе ја преземе одговорноста за првиот состав.

https://twitter.com/FKPartizanBG/status/2025875166115324367

Можно е и ова да ти се допаѓа

×