УЕФА не сака нов скандал, со дупка во правилата го суспендираше Престијани за реваншот против Реал

by bojan
1 минути читање

Европската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека привремено го суспендира Џанлука Престијани на еден натпревар, па фудбалерот на Бенфика нема да може да настапи на реваншот против Реал Мадрид.

Првиот натпревар помеѓу Бенфика и Реал Мадрид во баражот во Лигата на шампиони беше одбележан од големиот скандал и обвинувањата на Винисиус Жуниор дека добил расистички навреди од противникот Џанлука Престијани.

Аргентинецот негираше дека користел навреди на расна основа, а УЕФА отвори дисциплинска постапка.

Европската куќа на фудбалот се плашеше од нов скандал на реваншот во Мадрид, па за да се избегнат немили сцени, реши со дупка во правилата да го реши проблемот.

По барање на инспекторот за етика и дисциплина, Џанлука Престијани е привремено суспендиран на само еден натпревар, и ќе го пропушти гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.

Од УЕФА нагласуваат дека оваа одлука за привремена суспензија нема да значи повреда на правилата, и нема да влијае врз каква било одлука што инспекторот ќе ја донесе по завршување на целосната истрага.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×