Интер Мајами доживеа тежок пораз од Лос Анџелес ФК со 3:0 на стартот од новата сезона во МЛС.
Мартинез, Буанга и Ордаз беа стрелци за домашниот тим во Калифорнија, кој убедливо го отвори шампионатот, додека шампионот остана без одговор.
По последниот свиреж, во центарот на вниманието се најде Лионел Меси. Аргентинецот видно лут тргна кон судиската тројка додека тие се упатуваа кон соблекувалната, но во последен момент беше сопрен од Луис Суарез. Сцената предизвика големо внимание, особено ако се земе предвид дека поразот беше убедлив, па останува дилемата што точно го разгневи Меси по натпреварот.
🚨🚨| BREAKING: Footage shows Lionel Messi trying to CONFRONT the referee after full-time, with Luis Suárez pulling him back to stop him entering the officials’ dressing room. 😳🇦🇷