62
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го даде својто деби гол во новиот клуб Локомотива Загреб.
Искусниот крилен напаѓач стрела директно од слободен удар и во 83. минута ги постави конечните 3-1 на средбата против Осијек. Трајковски влезе во игра во вториот дел и го даде премиерниот гол во дресот на Локомотива.
Досега Трајковски заигра за хрватскиот клуб на шест меча, а освен погодокот има и една асистенција.