Вардар го дочекува Башкими со желба за пролетни „три од три“

by 24 фудбал
1 минути читање

Денеска актуелниот есенски шампион Вардар во рамките од 19. коло на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје до 13:00 часот како домаќин ќе го пречека тимот на Башкими.

Пред натпреварот своите очекувања ги сподели вардаровиот голман Давор Талески, кој кажа:

Добро го започнавме пролетниот дел од сезоната, и тоа секако дека ни годи. Сепак, никако не смееме да помислиме дека нештата за нас ќе одат лесно. Кога си играч на Вардар, секој меч значи битка и тоа вистинска затоа што секој противник дава максимум против нас. Нема дилеми тука. Така ќе биде и денеска. Башкими е незгоден на негов терен, но и на гостински. Знае оваа екипа и тоа како да одигра добро, но од друга страна ние сме подготвени. Знаеме што треба да направиме за да стигнеме до нова победа и три бода пролетва во шампионатот“.

Од таборот на Башкими говореше дефанзивецот Есмин Личина, а тој заклучи:

Се соочуваме со екипата на Вардар, која моментално е лидер на табелата во Првата лига. Можам да кажам дека доста добро го започнавме пролетниот дел од сезоната. Затоа, ќе го дадеме нашиот максимум, па нека победи екипата што ќе биде подобра на овој натпревар“.

Вардарци ја отворија пролетта со две сигурни победи, додека Башкими ремизира со Силекс и го победи Пелистер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×