Тренерот на Самсунспор,Торстен Финк своето тренерско деби на клупата на турскиот тим го имаше синоќа против Шкендија и е многу задоволен од играта на фудбалерите.
Самсунспор одигра одличен натпревар во Скопје и може да жали што не си замина и со поубедлива победа од 1-0.
„Победивме. Клубот направи се што е можно да бидеме сигурни дека тука можеме да се подготвуваме и работиме комфорно. Мојот тим покажа силен перформанс на теренот. Нашите фудбалери останаа лојални на планот за игра и го исполнија многу ефективно. Од таа причина сум многу задоволен. Како и да е, ништо не е уште готово. Имаме уште еден натпревар кој го играме дома“, вели Торстен Финк.
„Се разбира дека победата е многу важна за нас. Ние го контролиравме мечот и имавме посед на топка. Креиравме многу шанси. Противникот е тим кој не губи лесно дома, па победата без примен гол е многу вредна за нас. Резултатот ни дава голема шанса да го поминеме плејофот, но нашиот фокус сега ќе биде кон реваншот. Испишавме историја досега, и сакаме да продолжиме да пишуваме историја“.
Реваншот во Самсун се игра на 26 февруари од 18:45 часот.