Беќири: Кога нема да ги искористите шансите против тим како Самсунспор, резултатот не може да биде позитивен

by riste
1 минути читање

Шкендија синоќа загуби со 1-0 на свој терен од Самсунспор во првиот плејоф меч од Конференциската лига, тренерот Јетон Беќири не е задоволен од она што го виде.

Самсунспор беше подобар противник од Шкендија, Турците дури може и да жалат што не си заминаа од Скопје со поубедлива победа.

„Се соочивме со многу квалитетен тим, но сакам да се фокусирам на мојот тим. Мислам дека Шкендија не одигра најдобро. Секако, не сакам да го омаловажам настапот на противникот, бидејќи, да бидам фер, тој беше подобриот тим на теренот и искористи една од шансите што ги имаше. Ние, двете или три добри прилики не успеавме да ги претвориме во гол, а кога играте против толку квалитетен тим, ако не успеете да постигнете гол од тие чисти шанси, тогаш конечниот резултат не може да биде позитивен“, рече Беќири.

Тој вели дека сега ќе се фокусираат на задачата во домашното првенство, а потоа ќе мислат на реваншот со Самсунспор.

„Не очекува првенствен натпревар и би сакал да се фокусираме на него, а потоа за реваншот ќе се обидеме да дадеме се од себе и да се надеваме на подобар настап на нашиот тим“.

Реваншот во Самсун се игра на 26 февруари од 18:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×