130
Македонскиот прволигаш Шкендија вечерва од 21 часот ќе се соочи против Самсунспор на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, а двете екипи ги објавија составите пред пресметката.
Тренерот Јетон Беќири не правеше експерименти, односно на теренот ќе излезе со проверен тим со кој ќе се обиде да излезе како победник од дуелот со Самсунспор.