Чаби Алонсо ја одбил понудата да седне на клупата на Марсеј, поради хаотичната состојба во клубот и нестабилноста во раководството.
Шпанецот, кој неодамна доби отказ од Реал Мадрид, не сакал да преземе тим во период на внатрешни турбуленции, особено по заминувањето на Роберто Де Зерби и случувањата во управата.
По драмата со оставката на спортскиот директор Мехди Бенатиа и смената на Пабло Лонгорија од страна на сопственикот Френк МекКорт, клубот сепак донесе одлука за нов тренер. на крајот Бенатиа остана на функцијата и имаше главен збор во изборот на нов тренер.
Нов шеф на стручниот штаб е Хабиб Беје, поранешен фудбалер на Марсеј, кој се враќа во клубот само десетина дена по отказот во Рен.