132
Шкендија вечерва во Скопје ќе се сретне со Самсунспор во плеј-офот од Конференциската лига, а турскиот клуб на арената „Тодор Проески“ ќе има поддршка и од своите навивачи.
Имено, во Скопје допатуваа голема бројка турски фанови кои вечерва ќе навиваат за својот клуб кој и поради квалитетот ќе ја има фаворитската улога.
На социјалните мрежи беше објавено и видео од Старата скопска чаршија каде што ечеше навивачката песна на турскиот клуб.
Натпреварот се игра во терминот од 21:00 часот.
Samsunspor Taraftarı Üsküp Sokaklarında 🔥 pic.twitter.com/HwPCdbO7s8
— Samsunsporarmy (@Samsunsporarmy) February 19, 2026