Весникот Спорт вели дека Барселона ја менува политиката со откупните клаузули кога се во прашања бисерите во школата, целта е да се избегне нов „случај Дро“.
18 годишниот Дро важеше за еден од најталентираните во академијата на Барселона, но младото момче ги разочара сите на Камп Ноу кога минатиот месец реши да го напушти клубот во потрага по поголема минутажа.
Неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги, а тој заврши во редовите на ПСЖ.
Иако имаше откупна клаузула од само 6 милиони евра, „светците“ се сложија да платат некој милион повеќе, но и покрај тоа слободно може да се каже дека се работеше за грабеж.
Како што пренесува Спорт, Барселона не сака да им се повтори ова сценарио па ќе ја менува политиката со откупните клаузули.
Во иднина, откупните клаузули на бисерите во школата ќе растат како што тие ќе прогресираат и ќе добиваат шанса за докажување во повисока категорија.
Според новата методологија, цената на Дро ќе изнесувала околу 25 милиони евра, со оглед на тоа дека младото момче стигна до првиот тим и настап во Лигата на шампиони.
Останува да се види дали ова ќе биде доволно за гигантите ширум Европа да не ги разграбуваат талентите на Барселона.