Екипата на Вардар продолжи да потпишува договори со своите млади фудбалери за кои верува дека во иднина може да имаат голем придонес во првиот тим.
Следен на листата на најтрофејниот македонски клуб е талентираниот лев бек Филип Цветковски кој дебитираше за првиот тим на само 16 години. Дебито Цветковски го забележа во дуелот со Арсими кој беше прв во вториот дел од сезоната.
Тој стави потпис на тригодишна соработка.
„ФК Вардар сите свои расположливи ресурси и знаења ќе ги вложи во овој млад фудбалер, со цел да се развие во голем играч кој во иднина ќе постигнува врвни рерзултати на фудбалските терени. Неговото време допрва доаѓа“, порачаа од Вардар.
Претходно договори потпишаа: Андреј Цветковски, Никола Ристевски, Христијан Јевтовски и Бљерон Бајрами.