Eкипата на Шкендија денеска на свој терен во Скопје го игра првиот натпревар од двомечот со Самсунспор во плеј-офот од Конференциската лига во кој ќе се обиде да дојде до позитивен резултат пред реваншот.
Самсунспор е квалитетен противник, свесни за тоа и во Шкендија, според тренерот Јетон Беќири станува збор за една од трите најсилни екипи сезонава во Конференциската лига, сепак јасно е дека тетовци нема да излезат со бело знаме.
„Работите за нас станаа потешки со тоа што противникот доби нов тренер, па така и ќе го промени начинот на играта. Ова е натпревар кој треба да го чувствуваме и да уживаме. Да се игра во Европа во февруари е нешто спектакуларно, ќе се обидеме да дојдеме добар резултат. Според мене само две екипи се посилни од нив во ова натпреварување, а со новиот тренер до почетокот не знаеме како ќе играат. Наше ќе биде да дадеме максимум“, изјави Беќири на вчерашната прес-конференција.
Но, Шкендија добро го почна вториот дел од сезоната и славеше во дербито против Струга, Самсунспор од друга страна има проблеми и поради лошите резултати дојде до тренерската смена која ја истекна тренерот на македонскиот претставник.
За Беќири е важно и што Шкендија нема поголеми проблеми со отсуства и повреди, па може да смета на најдобрите. Натпреварот вечерва се игра на арената во терминот од 21:00 часот.