Тренерот на Севиља ја доби најголемата суспензија досега во Ла Лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Севиља, Матијас Алмеида, се соочи со жестока казна од дисциплинските органи на Ла Лига и ќе мора да паузира дури седум натпревари, што претставува една од најстрогите суспензии во историјата на шпанското првенство.

Аргентинскиот стратег беше исклучен во финишот од дуелот со Гетафе кој заврши 1-1. Во 85 минута Алмеида бурно реагираше кон главниот судија Матијас Хесус, по што заработи директен црвен картон.

Според образложението, санкцијата е изречена поради неколку прекршоци од негова страна, меѓу кои недолично однесување, навреди кон судијата, упорни протести, како и шутирање на топката по спорната ситуација.

Од таборот на Севиља веднаш излегоа со официјално соопштение во кое нагласија дека целосно стојат зад својот тренер и најавија жалба на одлуката. Доколку казната остане во сила, Алмеида повторно ќе може да ја предводи екипата дури на 22 април, кога Севиља ќе се соочи со Леванте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×