Не му е прв пат на провокаторот Престијани, пред четири години направил голема тепачка (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани предизвика мешаница на вчерашниот натпревар против Реал Мадрид, на Аргентинецот не му е прв пат да прави хаос, немили сцени имаше и пред четири години.

Џанлука Престијани е во фокусот на јавноста откако синоќа на средбата помеѓу Бенфика и Реал Мадрид го стави дресот преку уста и му дофрли нешто на Винисиус Жуниор, кој веднаш истрча кај судијата и се пожали дека бил цел на расистички навреди.

Тешко е да се каже дали навистина бил користен зборот „мајмун“, но на провокаторот Џанлука Престијани не му е прв пат да направи хаос на теренот.

Пред четири години, на турнир за играчи до 17 години, на натпревар помеѓу Аргентина и Бразил, тој тргна физички да се пресмета со противникот па предизвика голема мешаница и тепачка.

Видеото од тој инцидент сега е хит на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×