203
Бојан Миовски би можел повторно да ја промени средината, откако неговата улога во Глазгов Ренџерс е сведена на минимум.
Иако летото пристигна од Жирона како најавено засилување во нападот, новиот тренер Дени Рол во моментов предност им дава на Јусеф Шермити и Рајан Надери. Поради тоа, Миовски на последните две лигашки средби доби само четири минути за игра.
Шкотските медиуми пренесуваат дека македонскиот напаѓач не е задоволен од статусот и доколку не добие поголема шанса во трката за титулата, летово сериозно ќе размислува за заминување.