Напаѓачот на Жирона, Ечевери признава дека го нагазнал Жил Кунде на вчерашниот натпревар против Барселона, вели дека немал намера, но доколку судијата свирнал фаул, тој немал да се буни.
Барселона синоќа загуби со 2-1 во локалното дерби против Жирона и го препушти врвот на табелата на Реал Мадрид.
Мечот беше одбележан од голема контроверзија, во акцијата по која падна голот за 2-1, Ечевери го нагазна Кунде.
Судијата Сото Грандо не свирна ништо, но чудно е како ВАР не се огласи, со оглед на тоа дека на повторените снимки јасно се гледа голот не требаше да важи.
Самиот Ечевери, со насмевка на лицето, рече: „Да, го нагазнав Кунде. Но трчав многу брзо и немав никаква намера. Сепак, доколку судијата свиреше фаул, немаше да се бунам“.
Es Kounde quien toca el balón primero y Echeverri le da un pisotón, es increíble pic.twitter.com/EB8BwHbaG2
— Jeff (@JeffFcb14) February 16, 2026