Еве зошто ВАР е добар за фудбалот (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На вчерашниот меч од ФА Купот меѓу Астон Вила и Њукасл се случи огромна грешка на судијата Крис Каванах која покажува зошто ВАР технологијата е важна.

На натпреварите од ФА Купот нема ВАР технологија, па тие се идеална можност да се види како изгледаше судењето порано.

Многумина го обвинуваат ВАР и бараат да се укине, но сите тие забораваат какви грешки се правеа без употреба на технологијата.

Една таква се случи вчера кога играчот на Астон Вила, Лукас Дињ играше со рака длабоко во својот шеснаесетник, но судијата го извади слободниот удар надвор. Играчите на Њукасл се чудеа на оваа одлука, но немаше ВАР за таа да биде корегирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×