55
Во пресрет на првиот натпревар од шеснаестинафиналето, ривалот на тетовскиот клуб Самсунспор направи тренерска смена.
Турците по два порази во низа му се заблагодарија на досегашниот предводник Томас Реис.
Самсунспор во дуелите со Шкендија ќе го води германскиот стратег Торстен Финк кој треба да го преземе тимот во следните денови.
Првиот натпревар меѓу овие две екипи се игра во Скопје в четврток од 21:00 часот.