„Виолетовите“ забележаа победа од 1-2 на гостувањето кај Комо, Фаџоли и Кин донесоа три важни бода во борбата за опстанок.
Фиорентина на последните четири натпревари забележа три порази и едно реми, но и покрај лошата форма, успеа да приреди изненадување и да го совлада Комо.
Избраниците на Фабрегас се надеваа на победа и додатен притисок врз ривалите за топ 4 пласман, но на крајот мораа да се помират со пораз.
Резултатот го отвори Фаџоли во 26. минута, а на стартот од вториот дел Кин од пенал зголеми на 0-2.
Со автоголот на Париси, Комо намали на 2-1 во 82. минута, потоа силно притисна, но не успеа да постигне и втор гол.
Во финишот од мечот поцрвене Мората, кој нема може да игра против својот поранешен клуб Милан.