Тиквеш се пофали со уште четири нови фудбалери

by 24 фудбал
1 минути читање

Тиквеш не застанува со активностите на трансфер пазарот. Откако претходно беше промовиран Фоде Камара, кавадаречкиот прволигаш објави уште четири нови имиња кои треба да донесат дополнителен квалитет во ростерот.

Во нападот пристигнува Муса Гуел, фудбалер роден 1999 година кој зад себе има богато интернационално искуство. Во кариерата настапувал во Франција и Турција, носејќи ги дресовите на Бур ан Брес, Самсунспор, УСЛ Данкерк, Ред Стар и Пари 13 Атлетико.

Ново решение по десната крилна позиција е младиот Нфанли Сила. Роден 2005 година, тој важи за голем потенцијал, доаѓа од редовите на Кечиоренгучу и во минатото беше дел од репрезентацијата на Гвинеја до 20 години.

Одбраната ќе биде посилна за Ибрахима Фал, централен дефанзивец роден 2004 година кој пристигнува од француски Тулон. Од него се очекува стабилност и цврстина во последната линија.

Клубот потврди и ангажман на уште еден млад фудбалер, Ебубе Виздом Окере, играч за врска од Нигерија кој веќе има искуство со настапи за младинските национални селекции и се смета за еден од најперспективните во својата генерација.

Со новите потписи Тиквеш јасно покажува дека сака посилен и поконкурентен тим во продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×