Официјално: Крај на сагата, Баерн го задржа еден од лидерите на одбраната

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен стави крај на сите дилеми околу иднината на Дајот Упамекано, откако францускиот стопер стави потпис на нов долгорочен договор.

Германскиот шампион потврди дека соработката е продолжена до 30 јуни 2030 година, со што дефанзивецот останува дел од проектот и во следните неколку сезони. Преговорите траеја подолг период, бидејќи неговата претходна обврска истекуваше на крајот од актуелната кампања, па во јавноста се појавија бројни шпекулации.

Упамекано пристигна во Минхен во 2021 година од РБ Лајпциг и во меѓувреме се изгради во еден од столбовите на одбраната. Со новиот договор добива подобрени услови и потврда за довербата од раководството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×