78
Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски има нов клуб во својата интернационална кариера. Поранешниот репрезентативец се пресели во Машал и ќе го носи дресот на тимот од Мубарак во продолжението од сезоната.
Узбекистанскиот клуб преку своите официјални канали го потврди ангажманот, нагласувајќи дека се работи за фудбалер кој треба да донесе квалитет повеќе во офанзивата.
Стојановски првата полусезона беше без клуб откако замина од Беса, а претходно играше за Работнички, Септември Софија, Шкендија, Горица, Ним, Шамбле, Ренова, Дугопоље, Сплит, Неретванац и Металург.
За него ова претставува нов предизвик и можност повторно да се наметне со голови во странство.