Фудбалската репрезентација на Македонија се најде на ждрепката и ги дозна противниците за следното издание на Лигата на нациите.
Европската фудбалска федерација – УЕФА ги извлече групите во сите четири сегменти од ова натпреварување. Македонија за првпат во историјата ќе игра во Лига Б, а таму ривалите ги чекаше од подредена улога во четвртиот шешир. Среќата посака наши противници да бидат: Шкотска, Швајцарија и Словенија.
- Групите во Лига Б:

Шесте кола во групната фаза на натпреварувањето се есенва. За првпат ќе се игра споен репрезентативен прозорец во септември и октомври.
Првото коло се игра од 24 до 26 септември, а последното од 15 до 17 ноември. Плеј-оф дуелите и четвртфиналињата во Лига А се на програмата во март, додека завршниот турнир е во јуни 2027 година.
- Групи во останатите Лиги од натпреварувањето:


