Незадоволството во Реал Мадрид продолжува да расте. Според информациите на „Марка“, дефанзивецот Давид Алаба е лут поради малата минутажа што ја добива.
Австриецот не разбира зошто речиси и да не е во плановите и веќе ја разјаснил ситуацијата со тренерот Алваро Арбелоа. Според истиот извор, фудбалерот јасно му ставил до знаење дека очекува поголема улога во тимот.
Алаба смета дека е подготвен да помогне и дека заслужува повеќе простор на теренот, но засега останува во втор план. Ваквиот развој на настаните дополнително ја комплицира атмосферата во соблекувалната на мадридскиот гигант.
Останува да се види како ќе реагира стручниот штаб и дали во наредниот период искусниот дефанзивец ќе добие поголема доверба.